Бизнис
22. May 2020 - 20:46

Нема датум кога угостителите ќе почнат со работа

Од 4 до 20 илјади работници ќе бидат отпуштени од туристичкиот сектор ако кризата со пандемијата трае до крајот на годинава. Ако  заврши  следниот  месец,  до 12 000 работници би останале без работа.  Загубите би изнесувале од 200 до 300 милиони долари. Ова се двете најлоши сценарија кои се предвдуваат. Според анализите речиси сите компании од угостителско - туристичкиот сектор се изјасниле дека ќе имаат им биде потребно повеќе од полова година да застанат на нозе. Посочија дека веќе има фирми кои привремено ставиле клуч на врата.

Поради ваквите анализи компаниите од двата  сектори предлагаат до владата субвенционирањето на платите да продолжи и во слендиот период работодавачоте да се ослободат од исплата на к 15, безкаматните кредити да бидат во висина на прикажаните трошоци.

Иако министерот за здравство Филиче рече дека угостителите со работа ќе почнат од следната недела, сепак  официјален датум кога можат да отворат сеуште нема. 

Го имаат добиено само протоколот односно начинот по кој треба да работат откако ќе ги отворат летните тераси.