-->
-->
Нема да верувате зошто - Гинеколог ќе мора да плати 90.000 евра оштета
-->

Германски доктор ќе мора да исплати 90.000 евра оштета на еден брачен пар. Жената останала трудна иако парот неќел бременост.
Според пишувањето на германски Фокус, брачниот пар од Минхен, во 2011 година имал две деца, пристојни плати и стан. Жената отишла на гинеколог затоа што не сакале повеќе деца, а докторот предложил вградување на стапче во раката кое ги отпушта хормоните. Таа прифатила и зафатот бил направен.
Неколку месеци покасно жената осетила умор, повторно го посетила гинекологот, а тој и рекол дека не само што е трудна, туку и носи близнаци.
Абортус или давање на децата на посвојување за пар не доаѓал во предвид, па иако се радувале на приновите, одлучиле да го тужат гинеколот, тврдејќи дека близнаците не се вклопувале во нивните планови, поради финансиските изадатоци кои раѓањето на двете деца ќе ги направат.
Експертите во текот на судењето не докажале дека грешката е во стапчето, па гинекологот ќе мора да плати оштета.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Утрово измерени 3 степени во Берово, Лазарополе, Попова Шапка и 10 во Штип и Демир Капија
-
Турскиот суд му одреди притвор на градоначалникот на Истанбул
-
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
-
Без возачка дозвола возел над 100км/час, кривична пријава за скопјанец
-
Демонстрации поради одлуката на Нетанјаху да го отпушти шефот за внатрешна безбедност на Израел
-
Две лица загинаа во Киев и едно во руската област Ростов во воздушни напади
-
Српските власти со најава - денеска иницијативен состанок на движење за народ и држава
-
Променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено попладне