Неколкумина повредени на рејв забава во Франција по жестоки судири со полицијата, момче остана без рака
Жестоки судири избија меѓу учесници на рејв забава и полицијата која се обиде синоќа да спречи незаконска забава во северозападна Франција, што резултираше со неколкумина повреди, меѓу кои и еден млад човек кој остана без рака.
Повеќечасовното насилство изби откако околу 1.500 луѓе им се спротивставија на епидемиолошките мерки за борба против пандемијата на коронавирус за да организираат забава на отворено во малиот град Редон во Бретања.
На интервенција дошле околу 400 полицајци, кои со солзавец се обиделе да ја растурат забавата.
– Ситуацијата излезе од контрола многу брзо, луѓето фрлаа молотови коктели и камења, рече префектот Емануел Бертје.
Немирите, во кои се повредени неколку лица, меѓу кои петмина полицајци и еден млад човек кој ја загуби раката, траеја повеќе од седум часа. Според Бертје, ситуацијата се смирила дури изутринава, а Обвинителството веднаш отвори истрага, посебно за да се утврдат околностите во кои 22-годишното момче остана без рака.
Ново на Сител
-
Обилни снежни врнежи предизвикаа прекини на воздушниот и патниот сообраќај во Велика Британија
-
Мицкоски: Нашата иднина е да изградиме модерна и безбедна инфраструктура
-
Израелската армија соопшти дека нападнала повеќе од 100 „терористички цели“ во Појасот Газа
-
Трамп го номинира адвокатот Стенли Вудворд за негов помошник и постар советник во правниот тим на Белата куќа
-
Изгоре автомобил на патот Струмица-Дабиле
-
Млад гостиварец осомничен за силување 13-годишно девојче
-
Намалена видливост поради магла на планинските превои Ѓавато и Буково
-
Утрово најстудено и најмногу снег на Попова Шапка