Неколку сценарија се во игра за почетокот на учебната година од 1 септември
Комисијата за заразни болести предлага неколку сценарија за почетокот на учебната година од септември. Според информации на Сител условите нема да бидат исти во сите училишта, на пример во Источна Македонија каде нема доволно деца во класовите ќе си има редовна настава, а во општините каде има повеќе од 30 деца во класот во опција се неколку модели. Да се преполови бројот на деца во одделението со одење на настава во смени со скратени часови од 45 на 30 минути, или пак половина од децата да одат на училиште со физичко присуство, а останатите да учат онлајн па потоа обратно. Сите опции според членовите на КЗБ се со задолжително почитување на протоколите, носење маска, држење дистанца секое дете само да седи во клупа и честа дезинфекција на сите простории во училиштето.
Како ќе изгледа новата учебна година поради коронавирусот дефинитивниот став треба да го каже министерството за образование до 10 авгтуст.
Александар Динев
Ново на Сител
-
Претрес во делчевско, пронајдена дрога
-
Попладне краткотраен дожд, температура до 29 степени
-
Приведен албански државјанин за нелегално пренесување добиток
-
Дебранец лишен од слобода поради поседување оружје и муниција
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека и по еден час
-
Лишен од слобода полициски службеник во Струмица поради предизвикување општа опасност
-
Приведени двајца возачи во Тетовско за пребрзо возење
-
Змија на тераса во Карпош | ФОТО