Некој мора да одговара: Маја монструмот го пријавила во полиција дека и се заканувал, но никој не реагирал
На Марко Николиќ, кој ја уби сопругаа и синот од 4 години вчера пред Центарот за Социјална работа во Белград уште минатата година му утврдиле дека има шест пореметувања на личноста, тврди сестрата на убиената Маја, Бранисалва Катаниќ.
Според нејзините зборови, Марко од 2013 година повеќе пати се заканувал, што и било приајвено во полиција. Меѓутоа, како што вели, никој од надлежните не реагирал.
-На детето до последен ден му зборуваше дека ќе го заколе и него и мајката и тетката, ги открива Бранислава страотните детали на трагедијата.
Таа со сестрата минатата година платила вештање во Центарот каде е утврдено дека зетот има дури 6 пореметувања на личноста.
-Препорака на оваа установа беше дека не смее одеднаш да поминува повеќе од шест часа со детето и заедно со извештајот за пореметувањето го известивме Центарот за социјална работа, но тие тоа го игнорираа, вели сестрата на убиената Маја.
Да потсетиме, мажот го гледал детето и го предавал во контролирани услови во центарот за социјална работа. Во текот на вчерашната посета, кога требало синот да го врати на мајката, Марко го донел онесвестен, а Маја притрчала да го спаси детето.
Во тој момент извадил нож и ја избодел повеќе пати, а таа се обидела да побегне. меѓутоа по 2-3 чекори издишала, а тој ги нападнал социјалнтие работници кои му пришле да му помогнат.
На една вработена и отсекол прст, а на другиот лицето, по што е уапсен.
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава