Неговите мошти се чудотворни - денеска се празнува големиот светец
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 21 октомври.
Денеска е Преподобен Иларион Велики.
Иларион се роди во селото Тавата, близу Газа во денешен Израел, од родители незнабошци. Во младоста ги изучи тогашните науки во Александрија, а потоа поверува во Бога и се крсти. Откако ја презре светската наука и го засака доблесниот живот, отиде во Египет и се учеше од свети Антониј Велики. Потоа се врати во Палестина и се подвизуваше близу Газа. За да ги избегне пофалбите од луѓето, често го менуваше местото на живеење Египет, Сицилија, Далмација, и нај-после на Кипар, каде и го заврши својот доблесен, светол и трудољубив живот, на 80 години. Тоа се случи околу 372 година. Неговите чудотворни мошти подоцна беа пренесени во Палестина.
Ново на Сител
-
Мрежите духови закана за живиот свет во езерото
-
Ретка болест на нервните завршетоци констатирана кај 30 пациенти од истокот
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Нема лекови на Онкологија
-
Муретзани: Интеграциите да не се билатерализираат
-
Тема на денот со Игор Митревски, инженер за безбедност во сообраќајот
-
Приведени 77 лица, повредени 48 полицајци - Вучиќ најави „нема веќе помилувања, време е за одговорност“
-
Азир Алиу најавува прецизно дефинирани протоколи кога треба пациентите да се испраќаат на Клинички