Недвижностите поскапеле за 21,2 отсто во третиот квартал годинава
Цените на недвижностите во третиот квартал годинава во државава се зголемиле за 21,2 отсто, во однос на истиот квартал од минатата година. Во периодот јули-септември годинава, споредено со претходните три месеци, растот на цените на недвижностите е за 4,7 отсто, покажуваат податоците на Народната банка.
Во вториот квартал годинава цените на становите забележаа зголемување од 16,5 отсто на годишно, односно од 6,8 проценти на квартало ниво, додека во првиот квартал исто така имаше раст на годишно ниво од 12,4 отсто , односно од 2,9 на квартално ниво.
Државниот завод за статистика претходно објави дека во септември годинава се издадени 318 одобренија за градење, за 28,2 проценти повеќе во однос на септември лани. Од издадените одобренија за градење, 184 (57,9 проценти) се за објекти од високоградба, 35 (11 проценти) од нискоградба, а 99 (31.1 процент) се објекти за реконструкција. Во извештајниот период е предвидена изградба на 618 станови, со вкупна корисна површина од 56 849 метри квадратни. Најмногу станови ќе се градат во Скопскиот регион, 216, од кои 196 се во Општина Гази Баба. Меѓу општините со пoголем број планирани нови станови се и Струмица, 87, Гевгелија, 86, Гостивар, 76, Дебар, 40.
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати