Недостигаат околу 40 инспектори за секоја општина да може да постапува соодветно, вели претседателот на ЗЕЛС
За исполнување на минималните услови за секоја општина да може да постапува соодветно потребно е да се вработат уште околу 40 инспектори низ општините, изјави денеска претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Георгиевски. Контроли, нагласи Георгиевски, мора да се направат секаде и тука сите општини ќе си помогнат меѓусебно, а во наредниот период, како што рече, ќе се потрудат во секоја општина да биде вработен соодветен инспектор.
Оваа состојба не е нова, рече Георгиевски, посочувајќи дека општините и досега меѓусебно соработувале во однос на инспекциските служби.
- Јас кога станав градоначалник во општината немаше практично никаков инспектор, ниту градежен, ниту за домување. Било каква инспекција не функционираше во нашата општина, дали тоа било од објективни или субјективни причини не навлегувам, но првата меѓуопштинска соработка ја направив со општина Ѓорче Петров, а сега сме општина која што помага со инспекции во другите општини, изјави Георгиевски.
Во однос на проверките на станбените објекти, Георгиевски, рече дека најчесто постарите згради имаат проблеми со хидрантската мрежа, но дека не се решава ништо преку ноќ и мора од некаде да почнеме.
- Најчесто дека не поседуваат доволно опрема, односно не поседуваат црева во хидрантите. Наложено е од нашите служби, во соработка со ДЗС во многу скоро време да се постапи. Одиме на тоа да дадеме простор да се поправата сите грешки од минатото, пред да се премине на казнување. Најлесно е да изречете казна, потешко е да го промените системот и да воспоставите систем како што граѓаните заслужуваат повеќе од триесет години, изјави Георгиевски.
Секоја општина, според Георгиевски, ќе треба да достави записници од извршените контроли до ЗЕЛС и тие потоа ќе може да бидат дадени на увид на јавноста.
Ново на Сител
-
30-годишна струмичанка нападната од женско лице по недоразбирање во сообраќајот
-
Претреси во Скопје, пронајдена дрога, одреден притвор за три лица
-
Полска и САД потпишаа договор за поддршка на системот „Патриот“ во вредност од речиси две милијарди долари
-
Откриени дилери на марихуана и амфетамин, поведена истрага
-
Полицијата трага по двајца штитеници од Јавната установа за згрижување деца
-
Во прилепско село пронајдена граната од Прва светска војна
-
Кривична за стружанец, градел на заштитено подрачје, узурпирајќи дел од Охридско Езеро
-
Продолжен притворот за 10 осомничени за падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад