Неделна музичка променада во Градскиот парк
Градскиот дувачки оркестар денеска со почеток во 11:30 часот, ќе одржи променаден концерт со познатите таканаречени „Чекорници“.
Музичарите ќе тргнат од пред ресторанот „Томче Софка“ и ќе се движат низ паркот кон „Школка“.
На оваа неделна музичка променада, ќе бидат изведени Младинска чекорница, Вардаре македонски, Патриотска чекорница, Дикси парада, Вашингтон пост марш, Трета македонска бригада, Огномет на слободата, Во спомен на Ваташа, Работнички и За сите деца.
Градскиот дувачки оркестар е составен од членови, главно професионални музичари, како и студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Досега има настапувано на речиси сите значајни манифестации, државни празници, најразлични настани, давајќи им свечана нота.
На репертоарот на оркестарот се наоѓаат дела на Добсшески, Милер, Харисон, Макартни, Леј, Моцарт, Андерсон, Манквина, Верди, Штраус, Ленон...
Ново на Сител
-
Во Собранието ќе се одбележи Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница
-
Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот
-
Трамп планира нови царини за фармацевтските производи до 200 проценти
-
Државниот министер за надворешни работи на Катар во посета на Скопје
-
На граничните премини без поголеми задржувања за влез и излез од државата
-
Трамп „не е задоволен“ со Путин, разгледува нови санкции
-
ЦУК: Активни 11 пожари, еден под контрола
-
Потпишан договор за грант од 5,5 милиони евра за енергетска реконструкција на студентски домови