Неделава нов температурен шок - температури под нулата
Времето претпладне ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд, особено во северните делови. Потоа ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен, а во вечерните часови на места и засилен северозападен ветер.
Минималната температура ќе се движи од 5 до 11, а максималната од 22 до 29 степени.
Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно со услови за слаб дожд, потоа сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер, а во вечерните часови и засилен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 10 до 26 степени.
Kон крајот на денот со засилен северен ветер ќе има спуштање на студена воздушна маса од север што ќе услови во наредните денови значителен пад на температурата ба воздухот и за околу 15 степени.
Во вторник времето да биде променливо облачно, ветровито и постудено со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Максималната температура ќе се движи од 14 до 22 степени.
Променливо облачно, студено и ветровито, но претежно суво ќе биде во среда, кога дневната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.
Во четврток ќе настапи разведрување, па утринската температура ќе се спушти од 0 до 7, а во петок од -2 до 5 степени. Од четврток дневните температури ќе бидат во постепен благ пораст.
Ново на Сител
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта