Бизнис
9. јуни 2021 - 16:34

Недела неработен ден - Работниците незадоволни, работодавачите го поздравија законот

Работниците кои работеа во недела и натаму ќе работат. Во предлог законот нема авентично толкување кои се помошни, а кои придружни дејности, а голем дел од приватните фирми се уште немаат евиденција на работното време. Затоа од Гласен Текстилец сметаат дека вака скроениот предлог закан е класична манипулација и сеење магла, каде и натаму се остава простор за злоупотреба од страна на работодавачите.затоа најавија дека ќе го оспорат пред Уставниот Суд. 

- Сметам дека е само продавање на магла. Недела не е неработен ден, ќе биде работен ден и тоа за многу дејности, дополнително што нема автентично толкување, кои се тие помошни и придружни дејности, може да произлезат уште 100 од нив и фактички ќе биде легално прекршување на работничките права во име на профитот- изјави Кристина Ампева, Гласен Текстилец - Штип.

За работодавачите пак, овој закон е добар компромис помеѓу засегнатите страни. Добро е работниците ќе земат двојно повисока дневница и ќе имаат слободен ден, но во овој момент, Димитров смета дека не смееме да дозволиме целосно затворање на сите дејности. 

- Не може некој што инвестирал 20,30 милиони евра во трговски центар да го затворите. Во овој момент не смееме да си дозволиме да не работат големите молови и нашите граќани да одат на шопинг во соседните земји и да оставаат таму девизи. Можеби кога ќе имаме стандар од 7- 8.000 евра по жител, ќе биде можно и тоа, изјави Ангел Димитров, Организација на работодавачи.

Според новиот предлог закон во недела нема да работат  големите супер маркети, освен оние кои се лоцирани во Трговските центри. Тие пак ќе работат во една смена, до 18 часот и ќе на државата ќе треба да и платат 2% од вкупниот лански приход остварен во недела.

- Тие пари се наменети за инфраструктура, однсно за изгрдба на градинки. А ќе можат да работат и маалските продавници, сако ако газдата ги опслужува потрошувачите, изјави Зоран Заев, премиер.

Од 1 октомври -  недела ќе биде неработен ден, освен за вработените во  дејностите кои не трпат застој во производствениот процес, како и продавниците во туристичките места за продажба на  сладолед, колачи, апетисани,цвеќиња,  штандови на бензниски, киосци на спортски настани, фестивали, зелените пазари. За оние кои ќе го прекршат законот, предвидени се парични казни и затворање на објектите.