Македонија
12. February 2018 - 9:54

Недела на математичко моделирање на УГД

На Универзитетот Гоце Делчев (УГД) во Штип денеска ќе биде отворен меѓународниот настан „Првата недела на математичко моделирање“ што ќе трае до петок, а чија цел да се приближи математичкото моделирање до индустријата за заедничко изнаоѓање на решенија за индустриски проблеми.

На настанот, во организација на Факултетот за информатика, Технолошко-техничкиот факултет и Електротехничкиот факултет при УГД, поддржани од COST Action Mathematics for Industry Network, ќе присуствуваат студенти од втор и трет циклус од Европа.