Небензја: Коалицијата предводена од САД се обидува да ја раздели Сирија
Постојаниот претставник на Русија во ОН Василиј Небензја, на заседанието на Советот за безбедност, ја обвини меѓународната коалиција предоводена од САД, дека се обидува да ја подели Сирија, бидејќи создава локални власти во регионите кои се ослободени од Исламска држава.
Тој изрази жалење бидејќи коалицијата разговара за начините за обновување на економијата со новосоздадените органи за локално самоуправување, но не и со властите во Дамаск.
- Тоа што го прави колицијата се изедначува со чекорите за поделба на Сирија. Веќе неколкупати сме слушнале за неосновани стравувања дека создавањето на зони за деескалација може да го наруши територијалниот интегритет на Сирија, наведе Небензја.
Тој истакна дека ги побива тие инсинуации, но тоа што го прави коалицијата се реални чекори за поделба на земјата.
- Странското присуство во Сирија е генерално нелегално, независно од тоа колку се обидуваат одредени официјални претставници да најдат правна основа за тоа, нагласи постојаниот претставник на Русија во ОН.
Небензја констатираше дека окупациските сили се обидуваат да се лоцираат во Сирија на неопределено време, како и дека тоа не е поврзано со борбата со тероризмот, што се посочува како единствена цел на коалицијата.
Ново на Сител
-
МНР отповика 9 амбасадори назначени од Пендаровски
-
Вкупно 3.035 заболени од грип, раст од 11,3 отсто во споредба со претходната недела
-
Во тешката сообраќајка кај Прилеп загина 75-годишник
-
На Шар Планина спасен чешки повреден планинар
-
Утре во Грција 345 протести на 243 различни локации
-
Приведен поранешниот директор на затворот во Шутка
-
14-годишни деца ги испраќале лажните дојави за бомби во училиштата, МВР со детали
-
Наредено уништување на 1980 килограми небезбедно замрзнато месо