Балкан
4. October 2016 - 11:19

Не стивнува приливот на нови бегалци и мигранти на грчките острови

На Хиос во последните 24 часа пристигнале 167 мигранти и бегалци, со што вкупниот број нови лица на грчкиот остров во последните четири дена се зголеми на 397 мигранти и бегалци.

На Самос во последното деноноќие пристигнале 89 бегалци и мигранти, додека приливот на Лезбос е на ниско ниво.

Грчката полиција соопшти дека на островите во моментов се заглавени 10.810 беглаци и мигранти кои бараат азил.