Не се предаваат: Родителите на познатиот актер продадоа стан за негово лекување
Актерот Маринко Маџгаљ веќе подолго време води тешка битка со ракот на панкреасот, а соседите кои го гледале на прошетка околу београдска Арена, велат дека неговите родители го продале станот во тој крај за да му платат лекување во странство.
-Го видовме Маџгаљ неколку пати, и жал ни е што мора да ви кажеме дека изгледа лошо. Многу е ослабен и едвај го препознавме. Ќе излезе на прошетка и обавезно со него има уште некој да му помогне, зошто прилично е слаб за да излезе сам, велат соседите.
-Добро ги познавам неговите родители. Тоа се прекрасни луѓе. И тие, но и Маринко - момче за пример. Многу ми е жал за ова што се случи, толку е млад. Родителите дури и го продадоа станот за да го платат неговото лекување во странство. Тој не го сакаше тоа, мислам дека го направија тоа против негова волја, вели еден сосед.
Маринко, според неговите збпрпво, не сакал да им биде на родителите на товар, ниту да трошат пари за скапи лекувања.
-Тие, секако, го направија она што и секој друг родител би го сторил, го продадоа станот за да го спасат синот, вели соседот.
Ново на Сител
-
Трите лица во Црвени Брегови пронајдени во импровизиран верски објект починале од труење со јаглерод моноксид
-
Петиција за затворање на Инстаграм-профилот на Јелена Карлеуша собра над 270.000 потписи
-
Првпат во државата извршена интервенција на пациент со скршен лакт, постигната стабилизација на зглоб и враќање на функцијата на целосни движења
-
Обвинителство: Вања е грабната во 7.29, Цитроенот запален во 9.30, а реното Кангу се враќа во седиштето на Десна
-
Коцевски за случајот со Фросина Кулакова: Против осомничениот се води постапка за најтешко кривично дело од областа на безбедноста на сообраќајот
-
Запален автомобил на јавен обвинител од Скопје
-
Мечка следела и гонела 15-годишно дете во Македонски Брод
-
Судијката Алексовска Стојановска разрешена од работна група во Министерството за правда