Не очекува есен со просечни температури и врнежи
Вообичаена количина дожд и просечни температури на воздухот не очекуваат оваа есен, прогнозираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во септември температурата на воздухот се очекува да биде во рамките на просекот, 12 до 14 Целзиусови степени во западните планински делови и нешто повисока во другите региони до 18 степени. Овој месец ќе биде малку поврнежлив на целата територија, освен во североисточниот и северозападниот дел каде не се очекуваат врнежи поголеми од просечните за тие региони.
Во октомври се очекуваат просечни температури од 10 до 14 степени, но постои голема веројатност дека врнежите на целата територија ќе бидат под просечните вредности. Особени пониски количини на врнежи се очекуваат во западниот дел на Македонија.
Просечните вредности на температурата би требало да се задржат и во ноември од 6 до 9 степени, а во западните планински делови се очекуваат пониски температури. Врнежите и во овој месец треба да бидат под просечните, освен во источниот дел на Македонија каде што треба да се постигнат просечните количини (50-100 мм).
Постои веројатност во есенската сезона да се појават периоди со постудено и суво време, како и веројатност за изразени позитивни отстапувања од вообичаените средни вредности на температурата и врнежите.
Метеоролозите не ја исклучуваат можноста дека кон крајот на септември и почетокот на октомври може да има продолжеток на летото, потопол и сув период.
Според историските податоци со кои располага УХМР, за сезона есен регистрирана е апсолутна максимална температура 39,7 степени во Демир Капија на 5 септември 2015 година, а апсолутно минимална температура (-19,0˚С) е измерена во Берово на 6 ноември 1995 година.
Температурниот опсег на многугодишниот просек 1981-2010 за есента е од околу 8 степени во планинските предели, до 16,9 степени измерени во Гевгелија. Врнежите во овој период биле од 127,0 мм измерени на метеоролошката станица во Штип, до 326,6 мм во Лазарополе.
Ново на Сител
-
Зеленски: Преговарам за мега договор со Трамп
-
Расчистено убиството во Батинци, се трага по едно лице
-
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци