-->
-->
Не ни помислувајте да се намачкате со стара крема за сончање - Еве зошто!
-->

Размислувањата од типот „Имам крем од минатата година, греота е да се фрли” или „Што ако рокот е само малку истечен”, можат да ве чинат здравје, предупредуваат дерматолозите.
Иако рокот на траење кој стои на амбалажата е три години, дерматолозите предупредуваат дека овој рок се однесува само на неотворените амбалажи. Исто така, на повеќето пакувања е посочено дека кремата е добра за користење само една година од отворањето, но само доколку кремот се чувал во соодветните услови.
Ако кремата е стара, SPF етикетата на пакувањето ја губи секоја смисла, односно мачкањето со таа крема нема да ви обезбеди заштита од сонцето. Како резултат на тоа ќе добиете изгореници, а најголемата опасност е ризикот од меланом.
За разлика од оние во прав или камените, козметичките препарати во течна состојба се особено опасни ако им истекол рокот, затоа што во нив полесно се созсдаваат бактерии и габи. Како резултат на користењето на овие креми, можни се ралични видови на иритација и осип на кожата.
Во исклучителни случаи, старата крема за заштита од сонце може да предизвика тн. труење преку апсорпција. Како резултат на ова може да се јават отечени жлезди во одредени региони.
Ако бајатата крема ја мачкате на лицето, може да имате проблем со гнојни акни.
Како и старите креми за лице, така и оние за заштита од сонцето никако не смеете да ги мачкате во пределот околу очите, бидејќи можат да предизвикаат воспаление на окото.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сакала да му раскине, но добила закани од дечкото дека ќе сподели интимно видео
-
Кривична против 32 годишен охриѓанец, за сторено кривично дело измама
-
Уапсен 39 годишник од кичевско, со 1,80 промили алкохол во крвта управувал со возило
-
Израелски авиони погодија зграда во предградие на Дамаск
-
Од следната недела пад на дневните температури за 7 до 10 степени
-
Шмихал: Украина доби околу 1,7 милијарди долари во рамките на иницијативата на Г7 ЕРА
-
Почина ортопедот д-р Глигор Џолев
-
МВР вчера изврши 52 претреси - пронајдено е оружје, дрога и пари | ФОТО