Не, не сум бремена, само имав лош ден, блогерката објави шокантни фотографии
Тифани Брајен е фитнес блогерка од Велика Британија која до сега објавуваше фотографии од своето прекрасно извајано тело.
Но сите свои следачи ги изненади кога се појави на Фејбук со фотографија на која има голем стомак.
-Не сум шести месец бремена. Тоа е моето бебе од храна, напиша Брајен под постот на кој се една да друга две фотографии, а на другат е згодна со рамен стомак. Меѓу настанувањето на овие две фотографии поминаа само 12 часа, левата е пред да одам во кревет, а десната откако се разбудив.
Брајен сакаше да им покаже на фановите на Инстаграм и Фејсбук дека тие најчесто ја гледаат разубавената верзија на нечиј живот.
-Не сме онакви какви што не гледате на социјалните мрежи, вели таа. Мислев да споделам лош ден со вас и да ви покажам дека никој не е совршен и дека е во ред да имате слободен ден кога телото не сака да ве слуша. Не грижете се девојки, им се случува и на најдобрите, се е тоа составен дел од женското битие. Тоа е прекрасен коктел од недостаток на сон, стрес, хормони и нетолеранција на храна, напиша Тифани.
Блокерката вели дека и покрај тоа што постира најчесто убави работи сепак не е се убаво што и се случува.
-Не сум на никој начин совршена, напиша таа. Сите имаме слабости. Знам што работам прогрешно и знам како да го поправам. Се трудам да спијам повеќе, да се одмарам повеќе и да се хранам поправилно (не помалку, туку поздраво) и дефинитивно ќе видам подобрување, ќе давам совети и фотографии како се движам кон тој пат.
Ново на Сител
-
Израел ослободи 70 Палестинци, од предвидените 200
-
Со „паметни часовници“ до автоматски повик на 112 во ЦУК - надоградувањето на системот продолжува со напредокот на технологијата
-
Таткото на 15-годишникот што управувал со автомобил во кој е пронајдено оружје добил кривична
-
Украинските хакери го нападнаа рускиот мобилен оператор „МегаФон“
-
Украинската армија собори 46 руски дронови и две ракети
-
Се запали автобус на ЈСП во Сопиште
-
МФ: „Стандард и пурс“ ги потврдуваат напорите на Владата за забрзување на економскиот раст
-
Хамас ослободи четири припаднички на израелската армија