Зошто тие двајцата се скарале не се знае, но толку се закрвиле што излегле секој од својот автомобил и се тепале. Возачот во сивиот дуксер немилосрдно го тепал тој во црниот, а кога проценил дека му е доста си се вратил во својот автомобил
Меѓутоа, оној што изел ќотек изгледа како да не му било доста, па наместо да се врати во возилото и да оди дома да ги види раните, тој му потрчал на противникот и почнал да му тропа на прозорецот. Овој застанал, излегол, и пак го истепал.
Во целиот случај најголем ќар имал еден бездомник кој се нашол тука па почнал да ги собира од улица ситните парички што на двајцата тепачи им паѓале од џеповите.