Не можам против повредите, по Вимблдон заминувам?!
Eден од подобрите тенисери на денешницата, Енди Мареј на емотивна прес-конференција во Мелбурн најави дека Вимблдон би можел да му биде последен турнир во кариерата. Мареј неколкупати со солзи во очите раскажувал за сите проблеми со кои се соочил во изминатите две години.
„Не се чувствувам добро. Долго време се мачам, многу страдав во последните 20 месеци. Сè направив за да се чувствувам подобро, но ништо не ми помогна. Подобар сум отколку што бев пред 12 месеци, но и натаму чувствувам големи болки“, рекол Мареј.
Поранешниот број 1 во 2018 година настапи на само неколку турнири, на кои не забележа позначаен резултат. Јасно е дека Мареј е далеку од старата форма.
„Морам да ставам точка на играњето, а не знам кога болката ќе исчезне. Мислам дека можам да играм до Вомблдон, односно да го одиграм и тој турнир, а потоа би сакал да ја завршам кариерата. Исто така не сум сè уште сигурен во оваа одлука“, рекол тенисерот.
Мареј во моментов е 230. на АТП-листата, а во првото коло на Австралија опен се среќава со Роберто Баутиста-Агут.
„Постои шанса ова да биде мојот последен настап на Австралија опен. Не сум сигурен дека сум во состојба да играм под болка уште четири или пет месеци“.
Мареј во кариерата има освоено три гренд-слем титули.
Ново на Сител
-
Нови израелски напади врз упоришта на Хезболах во предградија на Бејрут
-
Зеленски: Киев треба да стори сé што е можно да се стави крај на војната по дипломатски пат
-
Земјотрес почувствуван во Дојран
-
Авион полн со патници погоден од куршум на аеродром во Далас
-
Мајк Тајсон поразен од јутјуберот Џејк Пол
-
Јапонскиот министер за надворешни работи во ненајавена посета на Украина
-
Бајден: Доаѓа време на големи политички промени
-
Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне ведро