Не е потопен авион, решена мистеријата со авионот на дното на езеро на Гугл Мапс
Конечно е решена мистеријата со снимката од Гугл Мапс на која се гледа патнички авиот „потопен“ во едно американско езеро.
Снимката на која изгледа дека авион се наоѓа на дното на езерото Хариет близу Минеаполис, до сега ги мачеше локалните власти кои се обидуваа да утврдта што тоа снимил сателитот на Гугл.
Во архивите не се пронајдени никакви податоци за авион кој се урнал во езерото.
Пред да почне масовната хистерија и ширењето на разни теории на заговор, се огласи потпаролот на Гугл Мапс, Сузан Кадреч, која понуди многу едноставно решение за загатката.
Според неа, во моментот кога е направена сателитска снимка, најверојатно авион го надлетувал езерото, па на неа се чини како леталото да се наоѓа на езерското дно,
– Накратко, секоја сателитска снимка која ја гледате на картата е компилација на неколку слики. Објекти кои брзо се движат, како авиони, се појавуваат само во една од големиот број слики кои ги користиме за одредено подрачје, рече Кадреч за „Минеаполис Стар Трибјун“.
Езерото Хариет е осум километри оддалечено од аеродроот Сент Пол во Минеаполис, каде годишно полетуваат или слетуваат околу 400.000 авиони. Со оглед на тоа дека езерото се наоѓа под рута низ која летаат авионите, објаснувањето е и повеќе отколку логично, пишува „Индепендент“.
Ова не е првпат авион да се појави на чудно место на картите на Гугл. Авиони беа „забележувани“ на детски игралишта во Њујорк, како и на дното на Атлантскиот Океан недалеку од Лонг Бич.
Ново на Сител
-
ФОТОГРАФИИ од страшната сообраќајка во која загинаа 3 лица
-
Меланија Трамп во мемоарите го поддржува правото на жената на абортус
-
Емери: Астон Вила може да стигне до четвртфиналето во Лигата на шампионите
-
Грција испраќа транспортен авион во Либан за евакуација на грчки и кипарски државјани
-
Зошто пилотот не треба воопшто да има брада?
-
Децата не треба да имаат свој телефон пред возраст од шест години
-
„Шаоми“ ја претстави „14-T“ линијата паметни телефони
-
Пронајдена досега непозната слика на Пикасо