НБРМ усвои регулатива за сметководство и финансиско известување на банките и штедилниците
Советот на Народната банка на Република Македонија на денешната петта седница ја разгледа и усвои регулативата за сметководство и за финансиско известување за банките и штедилниците, соопшти НБРМ.
Оваа регулатива опфаќа три одлуки, и тоа: одлука за методологијата за евидентирање и вреднување на сметководствените ставки и за подготовка на финансиските извештаи, одлука за видовите и содржината на финансиските извештаи на банките како и одлука за изменување на Одлуката за сметковниот (контниот) план за банките. Донесувањето на регулативата е со цел усогласување со Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ).
Меѓународниот стандард за финансиско известување 9 - финансиски инструменти, којшто го заменува постоечиот Меѓународен сметководствен стандард (МСС) 39, се однесува на сите аспекти на финансиските инструменти, односно финансиските средства и финансиските обврски.
Стандардот содржи одредби за критериумите за признавањето, класификацијата и мерењето, исправката на вредноста, депризнавањето и сметководството за заштитата од ризици за соодветните финансиските инструменти. Одредбите за почетно признавање, депризнавање, како и најголем дел од одредбите кои се однесуваат на класификацијата и мерењето на финансиските обврски во МСФИ 9 се преземени од МСС 39. МСФИ 9 дава можност да продолжи примената на одредбите за сметководството за заштита од ризици од МСС 39 сѐ до донесувањето нов стандард за макро заштитата од ризици. Во споредба со МСС 39 којшто тековно се применува и за банките и за штедилниците во Република Македонија, најголеми промени има во одредбите за класификација на финансиските средства и во одредбите за мерење на исправката на вредноста на финансиските средства. Класификацијата на финансиските средства, за разлика од досегашните комплексни правила за класификација за секое поединечно средство, ќе се темели на деловниот модел на банката за управување со финансиските средства и на карактеристиките на договорните парични тековни на финансиските средства. Исправката на вредноста на финансиските средства ќе се оценува и утврдува врз основа на очекувани кредитни загуби за целиот период на постоење на финансиското средство, со што се заменува сегашниот пристап на утврдување на исправка на вредноста само во случај на настанати загуби. Регулативата опфатена во трите одлуки ќе започне да се применува од 1 јануари 2018 година, се наведува во соопштението од НБРМ.
Ново на Сител
-
Агелер: Немате поголем поддржувач и партнер во остварување на вашите цели од САД
-
Еминем преку видеоспот објави дека ќе стане дедо
-
Подарок од срце за Светскиот ден на животните: dm донираше 678 килограми храна на три скопски прифатилишта за кучиња
-
Таравари вети вработување на половина од средно медицинскиот персонал што работи со договор на дело
-
Коцевска: Нема потреба од носење на Закон за амнестија, треба поголема примена на условниот отпуст со заштитен надзор
-
Расчистени повеќе диви депонии во општините Сарај, Карпош, Центар, Бутел и Чаир
-
Кликс: Најмалку 10 лица загинаа во поплавите во БиХ, побарана помош од Оружените сили
-
Македонски државјанин уапсен во Косово при обид заедно со други две лица со трактор нелегално да ја премине границата