Loading Video...
Бизнис
19. October 2021 - 16:33

НБРМ со умерена нагорна корекција на инфлацијата

Континуираниот раст на цената на енергенсите на светксите берзи сепак ќе ја зголеми инфлацијата. Народната банка најави раст на проекциите. Но тврдат дека денарот е стабилен.

Од Владата пак се уште немаат конкретен план за заштита на домаќинствата од енергетската криза и ценовните шокови. Увозот на јаглен засега е единствената мерка за справување со последиците. Но потенцираа дека будно се следи состојбата.

- Внимателно ја следиме  состојбата и во регионот и во Европа и ги уверуваме граѓаните дека нема потреба од загриженост, велат од Владата.

Во меѓувреме земјите од регионот и во Европа на големо се подготвуваат за да го ублажат ударот од енерегтската криза која повлече низа поскапувања. Чешката влата донесе одлука следните  два месеци целосно да го укине ДДВ-то за струја и за гас. Грција, пак, воведе субвенции за попуст на струја, а го зголеми и надоместокот за парно греење. Германија ги укина давачките за обновливи извори, а земјата размислува да воведе и субвенции. Албанија прогласи вонредна состојба. Во Србија  снабдувањето засега е стабилно, но земјата  ќе воведе  превентивен кризен план. Храватска штеди струја преку рестрикции на одредени производни капацитети. Се носат одлуки и за замрзнување и на цените на горивата и другите производи каде е евидентиран раст.

Просечната цена на струјата  на берзите од почетокот на годината се зголеми за четири пати и достигна до 200 евра за мегават час. Стабилизација се очекува по првата половина од 2022.