-->
-->
НБА: Сан Антонио без проблеми до гостинска победа
-->
Кошаркарите на Сан Антонио ноќеска ја продолжија успешната серија на гостински терен од стартот на сезоната и ја постигнаа 14.та победа на 15.иот гостински натпревар. Тие славеа триумф на теренот на Феникс. Предводници кај „мамузите“ беа: Каваи Леонард и Пау Гасол кои постигнаа по 18 поени и заедно имаа 19 скокови (Леонард 10, Гасол 9).
Триумф ноќеска оствари и најдобриот тим во лигата Голден Стејт откако на домашен терен го победи Њујорк.
Резултати на ноќешните натпревари: Милвоки – Чикаго 108:97, Њу Орлеанс – Индијана 102:95, Деневер – Портланд 132:120, Феникс – Сан Антонио 92:107 и Голден Стејт – Њујорк 101:90.
Пласман Источна конференција: Кливленд 18-6 (победи - порази), Торонто 18-7, Шарлот 14-12, Њујорк 14-12, Бостон 13-12, Чикаго 13-12, Детроит 14-13, Милвоки 12-12,...
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 23-4, Сан Антонио 21-5, ЛА Клиперс 19-7, Хјустон 19-7, Мемфис 18-9, Јута 16-10, Оклахома Сити 15-11, Портланд 13-15,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Локалното население да се едуцира и да се вклучи во гаснење на пожарите
-
Тема на денот со Владимир Симоновски
-
ВМРО-ДПМНЕ: Рудникот е казнет и обврзан да ги преземен сите мерки од А-интегираната дозвола
-
СДСМ бара инспекторатот да побара одговорност од сите инволвирани во хаваријата од рудникот Тораница
-
Четворицата критични пациенти кои се во странски медицински центри и понатаму во тешка состојба
-
Во штипската болница отворен центар за рехабилитација на повредените во пожарот во Кочани
-
Преку измени на закон ќе се регулира користењето на пиротехника во затворен простор
-
Обука на вештаци за подобра експертиза и стекнување лиценци за поквалитетни судски постапки