Кошарка
6. February 2018 - 10:36

НБА: Сакраменто подобар од Чикаго

Екипата на Сакраменто славеше со 104-98 во дуелот со Чикаго во синоќешните дуели од НБА лигата во меч кој беше решен во последната четвртина.
Клучниот момент беше тројката на српскиот интернационалец Богдан Богдановиќ при резултат 96-96 по што противникот беше совладан.
Богдановиќ беше и најефикасен на мечот со 15 поени. Кај биковите Зек Лавин постигна 27 поени.