-->
-->
НБА плеј оф: Победи во мајсторките за Мајами и Торонто
-->
Екипите на Мајами и на Торонто обезбедија пласман во следната фаза од пелј офот од НБА лигата откако ноќеска во мајсторките беа подобри од ривалите и постигнаа победи. Мајами славеше на домашен терен со убедливи 106:73 против Шарлот за триумф од 4-3 во победи, додека Торонто ја совлада Индијана со 89:84 за 4-3 во победи.
Во полуфиналето на „Исток“ двата тима ќе играат меѓусебе, а првиот дуел се игра на теренот на Торонто на 3.мај.
Шампионот Голден Стејт ја постигна првата победа во полуфиналето на „Запад“ против Портланд. Првакот славеше со 118:106, а имаше сигурно водство во текот на целиот натпревар. Клеј Томсон постигна 37 поени, а Дрејмонд Грин имаше „трипл-дабл“ 23 поени, 13 скокови и 11 асистенции. Голден Стејт поведе со 1-0.
Вечерва почнува серијата меѓу Кливленд и Атланта, а се игра и вториот натпревар Сан Антонио – Оклахома Сити (1-0 за Сан Антонио).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o