Кошарка
5. January 2016 - 9:04

НБА лига: Трет „трипл-дабл“ во серија за Грин

Кошаркарот на Голден Стејт Дрејмонд Грин на третиот натпревар во низа остварува „трипл-дабл“. Ноќеска против Шарлот на домашен терен во победата на својот тим учествуваше со 13 поени, 15 скокови и 10 асистенции. Инаку, по 30 поени постигна Стеф Кари и Клеј Томсон.

30-та победа ја постигнаа и кошаркарите на Сан Антонио (повеќе од нив има само Голден Стејт - 32), додека нов триумф оствари Филаделфија (четврта победа). 
Без пораз дома во досегашниот дел од сезоната се Голден Стејт и Сан Антонио.
 
Резултати на ноќеска одиграните дуели:
Кливленд - Торонто 122:100,
Филаделфија - Минесота 109:99, 
Бруклин - Бостон 94:103, 
Детроит - Орландо 115:89, 
Мајами - Индијана 103:100 (по продолжение),
Милвоки - Сан Антонио 98:123,
Оклахома Сити - Сакраменто 104:116,
Јута - Хјустон 91:93, 
Портлнд - Мемфис 78:91, 
Голден Стејт - Шарлот 111:101.