Кошарка
1. July 2022 - 10:35

НБА: Јокиќ го потпиша најбогатиот договор во историјата

Двократниот најкорисен играч (МВП) во американската професионална кошаркарска НБА лига Никола Јокиќ (27) договори продолжување на соработката со Денвер, а за петгодишната верност од 2023 до 2028 година ќе инкасира рекордни 264 милиони долари.

Петгодишниот договор, кој српскиот кошаркар го постигна со Денвер, е најбогат во историјата на НБА лигата.

Јокиќ дојде во Денвер во 205 година како 41 избор на драфтот и се профилираше во еден од најсестраните играчи во НБА.

Минатата сезона стана прв играч во историјата кој успеал да оствари повеќе од 2.000 кошеви, 1.000 скокови и 500 асистенции.

Со договорените 264 милиони долари Јокиќ го надмина петгодишниот договор вреден 251 милиони долари, кој само неколку часа претходно го потпиша Бредли Бил (29) со НБА лигашот Вашингтон.