НБА: Џејсон Кид нов тренер на Далас
Членот на кошаркарската Куќа на славните, Џејсон Кид е нов тренер на НБА тимот на Далас, јавија денеска американските медиуми.
Поранешниот легендарен кошаркар доаѓа на местото на Рик Карлајл, кој минатата недела поднесе оставка на тренерската должност по 13 сезони минати на клупата на Далас, а вчера беше назначен за нов тренер на Индијана.
Четириестиосумгодишниот Кид мина дел од својата кариера во Далас, кој го избра како втор пик на драфтот во 1994 година, а потоа го размени во 1998 година. Во Далас се врати во 2008 година и му помогна на тимот да ја освои шампионската титула во 2011.
Кид, кој ја заврши кариерата во сезоната 2012/13, е втор кошаркар на вечната листа во НБА лигата според бројот на асистенции (12.091) и „украдени“ топки (2.684). Десет пати беше дел од Ол-стар тимот.
Ново на Сител
-
Руско МНР: Европа нема право да учествува во преговорите за Украина
-
Со инвестиција од над една милијарда евра во енергетиката во земјава влегува турската групација „Казанчи Холдинг“
-
Во Белград протест на просветните работници, а студентите од различни градови пешки тргнаа кон Ниш
-
Со помош на изработен лажен клуч, две лица провалиле во стан во Скопје и одзеле 250 евра и накит
-
Кремљ го прифати извинувањето на Вучиќ за гласањето за резолуцијата во ОН
-
Две заторенички физички се пресметале во КП Идризово, едната се здобила со тешки телесни повреди
-
Пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ за четворица струмичани од Комуналец
-
Таравари најавува законски измени за департизација на здравството