Кошарка
18. January 2020 - 10:33

НБА: Далас и Торонто незапирливи

И четврти меч во низа Далас не знае за пораз. Маверикси ноќеска славеа против Портланд со 120:112. Својата класа повторно ја покажа словенечкиот интернационалец, Лука Дончиќ кој погоди дури 8 тројки од 12 обиди.
 
Словенецот мечот го заврши со 35 поени, 8 скока и 7 асистенции.
 
Кај Портланд Лилард беше најефикасниот со 34 поени и 10 додавања.
 
Актуелниот НБА шампион, Торонто ноќеска пред домашната публика броеше до 140 против Вашингтон, 140:111.
 
Се истакна Пауел со 28 поени и 5 скока. Освен него уште шестмина во победничката екипа имаа двоцифрен ефект.
 
На останатите ноќешни средби постигнати се следните резултати:
 
Индијана 116:114 Минесота, Филадефлија 100:89 Чикаго, Мемфис 113:109 Кливленд, Оклахома 108:115 Мајами, Сан Антонио 120:121 Атланта.