-->
-->
НБА: 50 поени на Дејвис и пораз на Њу Орлеанс
-->
Блескавите партии на Демар Дерозан, Јонас Валнчуинас, Расел Вестбрук, Џордан Кларксон, Џејмс Харден и Ентони Дејвис ги обележаа десетте натпревари во НБА лигата кои се одиграа ноќта помеѓу средата и четвртокот.
Вицепрвакот во Источната конференција Торонто славеше против Детроит 109-91. Дерозан постигна 40 поени (21 во третата четвртина), а Валанчуинас забележа „дабл-дабл“ од 32 поени и 11 скокови.
Оклахома победи во Филаделфија 103-97. Расел Вестбрук беше на чекор до „трипл-дабл“, тој натпреварот го заврши со 32 поени, 12 скокови и 9 асистенции. На спротивната страна дебитантот Џоел Ембид за 22 минути постигна 20 поени.
Лејкерси, во ерата без Коби Брајант, влегоа со победа над Хјустон 120-114. Џордан Кларксон ги предводеше „езерџиите“, за 25 минути колку што мина на теренот тој постигна исто толку поени. На Хјустон не му помогнаа ниту 34 поени и 17 асистенции на Џејмс Харден.
Неверојатен меч одигра и центарот на Њу Орлеанс, Ентони Дејвис, но неговиот тим не успеа да слави против Денвер 102-107. Дејвис, кој пред две недели се врати на терените по тешката повреда натпреварот го заврши со 50 поени, 16 скокови, 7 украдени топки, 5 аситенции и 4 блокади.
Индијана во најдраматичниот меч, по едно продолжение славеше против 130-121. Целата стартна петорка на Индијана постигна двоцифрен број на поени: Мајлс Тарнер 30, Пол Џорџ 25, на кои придодаде 8 скока и 6 асистенции, а Џеф Тиг 20 поени.
Тројца кошаркари на Далас постигнаа 20 и повеќе кошеви: Дерон Вилијамс 25, Дирк Новицки 22, а Харисон Барнс 20.
Резултати: Орландо-Мајами 96:108, Бостон-Бруклин 122:117, Торонто-Детроит 109:91, Индијана-Далас 130:121, Мемфис-Минесота 102:98, Милвокли-Шарлот 96:107, Њу Орлеанс-Денвер 102:107, Филаделфија-Оклахома 97:103, Феникс-Сакраменто 94:113, ЛА Лејкерс-Хјустон 120:114.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Славица Арсова, директорка на Клиника за психијатрија
-
Пет пациенти кои се лекуваат во странство се во критична состојба
-
Од утре почнува исплатата на итна и првична помош за семејствата зафатени од несреќата во Кочани
-
ЗЕЛС: Координирана вонредна контрола во сите општини
-
Уапсени 17 лица кои пуштале музика во 7 дневна жалост
-
Владата апелира да се избегнува каква било политизација на случајот
-
Охриѓани им оддадоа почит на жртвите
-
ТППЕ Охрид - Голема е опасноста од блоковски пожари