Кошарка
4. November 2016 - 10:10

НБА: 39 поени на Дурент против „своите“ од Оклахома

Екипата на Голден Стејт славеше со 122-96 во дуелот со Оклахома а блескаше Кевин Дурент кој постигна 39 поени против својот поранешен тим.

На спротивната страна потфрли Расел Вестбрук со 20 поени. 
Клучна беше втората четвртина во која домаќинот направи предност од 37-11 откако првата ја загуби со 32-31.
Со овој триумф Г.Стејт се израмни со Оклахома во победи 4-1 на Западот додека на Истокот и натаму доминира Кливленд.