НБ: Неопходно е внимателно следење на инфлациските движења
Со олабавената монетарна политика, како и со сите одлуки и мерки коишто ги донесе од избувнувањето на корона-кризата наваму, Народната банка (НБ) дава значаен придонес за поддршка на финансиската стабилност и на македонската економија во целина. Поставеноста на монетарната политика засега е соодветна, сепак неопходно е внимателно следење на инфлациските движења, а особено инфлациските очекувања и можните пренесени ефекти во контекст на растот на платите.
Ова, како што информираат од НБ, го истакна гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска на средбата со тимот од Одделот за Европа во Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводен од шефицата на Мисијата, Берглјот Баркбу. Средбата беше остварена во рамките на Годишните средби на ММФ и Светската банка.
Како што посочи гувернерката на состанокот, Народната банка будно ги следи движењата во македонската економија. Бидејќи неизвесноста и натаму е присутна, Народната банка е подготвена соодветно одговори на случувањата, во рамките на своите надлежности и своите одлуки да ги комуницира на транспарентен начин.
ММФ, во своите проекции презентирани во Светскиот економски преглед, очекува дека инфлацијата во просек ќе достигне ниво од 3,1 процент во 2021 година и ќе се намали на околу 2,2 процента во 2022 година.
Како што беше нагласено на средбата, тековните движења на цените во Македонија се во согласност со глобалните случувања. Најголемиот двигател на неодамнешното зголемување на инфлацијата се глобалните цени на енергенсите, пред сѐ на нафтата и гасот. Притоа, нарушувањата на глобалните синџири на снабдување и „тесните грла“ вршат притисок врз цените на трајните добра, особено по брзото закрепнување на побарувачката.
Ефектот од повисоките цени на енергенсите и неусогласеноста меѓу понудата и побарувачката се очекува да се исцрпи во 2022 година. Дополнително, ниту еден од овие фактори нема да реагира на промените во монетарната политика. Сепак, централните банки, вклучително и Народната банка, ќе треба внимателно да го следат развојот на настаните за да осигураат дека евентуални повисоки очекувања за инфлацијата нема да предизвикаат продолжен раст на платите.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка