-->
-->
Навивачите на Арсенал незадоволни од Венгер
-->
Се зголемува незадоволството кај навивачите на Арсенал од работата на менаџерот Арсен Венгер по лошите резултати. Последниот пораз вчеравечер од Ливерпул во дербито на 27.коло од Премиер лигата повторно ги разлути фановите на „топчиите“.
Тие преку транспарент му порачаа на Французинот дека е време да си замине од „Емирати“ и среќата да си ја побара во друга екипа.
Венгер со години трпи критики од навивачите поради тоа што Арсенал е без освоен трофеј во Премиер лигата уште од 2004 година.
Тимот од Лондон ниту во Лигата на шампионите не може да се пофали со успех, напротив се наоѓа пред елиминација по поразот од Баерн Минхен со 5:1 во осминафиналната пресметка.
Затоа, се очекува незадоволството од работата на Венгер на навивачите на Арсенал да кулминира во вторник за кога е закажан реваншот со германскиот шампион.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трипуновски: Се ажурира базата на податоци на педолошката карта за засејување земјоделски култури
-
Ништо ново за патот на Македонија кон ЕУ нема да донесе посетата на Калас во Скопје
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
-
Екс директорот на Онкологија Нино Васев обвинет за сериозни кривични дела
-
За пожарот во Кочани досега сослушани 300 сведоци
-
13 лица осомничени за незаконско издавање дозволи за привремен престој на странци
-
Славески ќе се избира за гувернер на 3 јуни
-
Потпишан договорот за стратешко партнерство