Наутро студено, преку ден сончево и топло со температура до 28 степени
Времето утрово ќе биде постудено, преку денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност поголема кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 12, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.
Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Од УХМР соопштуваат дека утре наутро времето ќе биде постудено, а преку денот сончево и релативно топло време со појава на локална облачност. Од четврток ќе има зголемена облачност и утринските температури ќе бидат малку повисоки, а по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во петок и сабота ќе има повремени локални врнежи од дожд и дневните температури ќе бидат пониски за 5 до 7 степени.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?