Наумовска: За две и пол години платите во образованието ги зголемивме за над 2.000 денари
Вчера бевме сведоци на официјалното потпиштвање на спогодбите за покачување на платите во образованието помеѓ Самостојниот синдикат за образование, наука и култура, и Министерството за образование и наука на РСМ,
Изразено во бројки, со овие две спогодби, за основно и средно образование, од 1 јануари платите на околу 20.000 вработени во основните училишта и на околу 8.000 во средните училишта, ќе бидат повисоки за уште 10 проценти.
Ако на овие бројки се додаде покачувањето на платите на вработените во високо образовните установи, со околу 4.500 вработени, и на вработените во јавните научни институти, каде што се опфатени 220 вработени, се доаѓа до бројка од над 32.000 граѓани – вработени во образованието и науката кои добиваат повисока плата.
За потсетување, вработените во Јавните научни установи претходните месеци добија покачување на платите за 25% и се регулира исплатата на минат труд што во минатото никогаш не се случило.
Со покачувањето од 10 отсто од 1 јануари, вкупното покачување на платите во основното, средното, високото образование и во науката, ќе изнесува кумулативно скоро 21% имајќи ги предвид претходните две покачувања за смо една година (два пати по 5 проценти во септември 2018 и септември 2019).
Претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ за 7 години во образованието обезбеди покачување на платите во образованието за само 850 денари. Ние за 2,5 години ги покачивме за повеќе од 2000 денари.
Буџетот за 2020 година е посветен на инвестициите во човечкиот капитал.
Ветивме дека ќе дадеме целосна поддршка на наставниот кадар и ќе ја браниме честа, достоинството и автономноста на професијата наставник. Наставниците во Македонија ја заслужуваат таа поддршка, бидејќи без мотивирани наставници нема успешни образовни промени, зошто инвестицијата во образованието и инвестицијата во човечките ресурси е инвестиција за нашата иднина, за нашиот економски раст.
Образованието мора да биде визионерско и ориентирано кон иднината. Образование кое ќе ги пресретне, прифати и аплицира брзите научни и технолошки иновации и промени кои ќе ги одредат социо-економските перспективи.
НА ПРАВ ПАТ СМЕ и нема да запреме тука, зашто интензивно превземаме мерки, акции и законски одредби со цел да создадеме образовен систем кој ќе биде генератор на нашиот општествен и економски развој.
Вложувањето во човечкиот капитал во образованието, во наставниците, професорите и научните работници е само дел од чекорите НА ПРАВИОТ ПАТ по кој се движиме.
Ново на Сител
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица
-
Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање