Наумов: МРТ има долгови за даноци од над два милиона евра
Дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов тврди дека долгот на Македонската радио телевизија (МРТ) по основ на даноци за две години е зголемен за повеќе од три пати. Во јануари 2014 година, изјави денеска Наумов, долгот изнесувал скоро 600.000.евра, а во февруари 2016 според листата на должници на Управата за јавни приходи (УЈП) долгот е повеќе од два милиони евра.
- Огромните долгови на Македонската радио телевизија се потврда дека работата на јавниот сервис исклучиво како партиско гласило на ВМРО-ДПМНЕ е неодржлива, изјави Наумов.
Според Наумов, три часа е разликата во времетраењето на позитивно-промотивните прилози што на МТВ 1 биле објавени за ВМРО-ДПМНЕ во однос на тие за СДСМ. - Негативни прилози за ВМРО-ДПМНЕ нема, а за СДСМ има во времетраење од 16 минути. Ваквата работа на МРТ е уште еден доказ зошто се потребни реформи за слободни медиуми, рече Наумов.
Дополнителниот заменик-министер за финансии потенцираше и дека УЈП секоја година блокира десетици илјади граѓани и фирми поради радиодифузна такса и оти кај граѓаните создава дополнителни проблеми и нови трошоци. СДСМ, посочи, ќе ја укине радиодифузната такса и ќе обезбеди одржливо финансирање на МРТ од Буџетот.
Ново на Сител
-
Израел ги проширува воените операции и окупира делови од Газа
-
Келог: Конфликтот во Украина е на работ на примирје, но потребен е договор
-
Неврологот од Гостивар кој ја менува политичката сцена | Арбен Таравари | Sitel Podcast 087
-
Политико: Маск наскоро ќе се повлече од челното место во ДОГЕ, се враќа на бизнисот
-
Руте: Целосно сум убеден дека НАТО ќе продолжи да постои и САД ќе бидат дел од Алијансата
-
Благодарност од претседателката Сиљановска-Давкова до државите кои помогнаа по трагедијата во Кочани
-
Мостот на Вардар кај Башино Село повторно пуштен за сообраќај
-
Мицкоски и Филипче утре на средба во Владата