Наум Стоилковски: Како Филипче со административна плата гради зграда во Козле и купува огромен имот на Водно
Венко Филипче наместо болница, си изградил цела зграда на атрактивна локација во скопско Козле. И шемата е иста и добро позната од скандалот „Шпанско село 2“. Филипче влегува во партнерски однос, сосопственички однос, во обид да го затскрие своето име. Во случајот во Козле, тој ја овластува доктор Емилија Атанасовска од Универзитетските клиники, таа да ја води правната комуникација со институциите при градбата. Резултатот на ова партнерство е нова зграда во Козле од 500 м2, и секако приходи, остварена корист, бенефит, финансиска добит за Венко Филипче. Но резултатот на ова е и девастирано здравство, министер посветен на сопствен градежен бум, на сметка на негрижа, и можна злоупотреба на здравството.
Мафијата е целосно посветена на личното богатење на сметка на институциите кои што треба да се грижат за граѓаните. Венко Филипче е претворен во најголем градежен инвеститор, но за жал нема ниту една болница, клиника, или пак Клинички центар! Нив ги нема, ама затоа растат зградите на инвеститорот Венко Филипче.
Да биде уште потрагично, мафијата го наградува Филипче и за негов заменик го именува Илир Хасани, партнер и сосопственикот на Филипче во урбанистичко- тендерскиот скандал „Шпанско село 2“!
Венко Филипче и мафијата на власт мора да одговорат, до кога Филипче ќе гради згради за лично богатење, а државното здравство ќе тоне?
Филипче и мафијата на власт мора да одговорат, уште колку згради треба да му никнат на Венко Филипче за да се посвети на здравството?
И најважно – како со административна плата се купуваат огромни имоти и плацеви на Водно, се градат касарни? Како со административна плата се станува инвеститор за цела една зграда во населбата Козле во Скопје?
Ова се прашања на кои што институциите не одговараат, ниту Антикорупционерите, ниту Обвинителството, ниту сега ќе одговори оној министер за
корупција! Министерот за здравство зад себе има огромни финансиски скандали, а тој се уште е заштитен од институциите на мафијата на власт.
Ова е срамно – државата се уште не се справи со првиот бран на епидемијата, Европа се подготвува за вториот бран, а Венко Филипче со стотици брои новозаразени и починати додека си гради згради. Тендерите во здравството се обезбедени! Ова е срамно, нехумано, недокторски, неетично и секако недемократски!
Или мафијата или Македонија! Изборот е Македонија!
Ново на Сител
-
Кардиналите во Ватикан разговараа за голем број прашања, вклучувајќи ја и сексуалната злоупотреба во црквата
-
Мерц најави дека ќе го повика Трамп сите царини да ги сведе на нула
-
Санчез: Не може дефинитивно да се потврди поради што е прекинот на електричната енергија на Иберискиот Полуостров
-
ЈО: Ги повикуваме семејствата на настраданите во пожарот во Кочани на средба со обвинителите кои работат на случајот
-
Загина 75-годишен возач во сообраќајка во Чаир
-
Престижните универзитети во САД создаваат обединет фронт против Трамп
-
Путин прогласи еднострано тридневно примирје во Украина од 8 до 10 мај
-
Кривични пријави против поранешни вработени во МВР, го оштетиле буџетот на министерството за 3.314.870 денари