Научниците прв пат навлегле во црна дупа и го снимиле нејзиниот хоризонт
Првиот обид да се навлезе во црна дупа и да се направи фофографија од нејзниот хоризонт на случување, точка без враќање, односно граница во просторот-времето изгледа успеа, имајаќи предвид дека немало поголеми проблеми во текот на десетдневниот период на набљудување.
Сите собрани податоци се испраќаат во два суперкомпјутери во САД и Германија на натамошна обработка, а научниците очекуваат дека на почетокот на 2018 година точно ќе знаат дали ја имаат првата историска снимна од црна дупка.
Проектот „Евент Хоризон Телескоп“ поврзал бројни телескопи ширум светот, со цел да создаде телескоп со големина на Земјата, кој би можел да го опфати целиот нејзин дијаметар. Тој е во состојба да сними мошне ситни детали од исклучително голема оддалеченост.
Црните дупки не се тешко забележливи, но проблемот е резолуцијата со која се снимени. Со оглед на тоа што материјалот што го акумулираат е жежок, снимките се често заматени, а новиот телескоп би придонел за изработка на многу појасна снимка.
- Очекуваме да видиме асиметрична слика, на која се наоѓа црна темна област. Тое е сенка на црната дупка. Тука на работ би можел да биде светол прстен. Тоа е фотонски прстен, кружната област на вселената во која гравитацијата е толку силна така што фотоните се принудени да се движат во орбитата. Околу неа се наоѓа една полумесечина, со една страна светла, а другата темна, вели Винсент Фиш, истражувач од Институтот за технологија во Масачусетс.
Центарот на црната дупка е познат како единственост (singularity), еднодимензионална точка, која е незамисливо мала, но содржи огромна маса. Во единственоста просторот и времето бескрајно се криват и законите на физиката престануваат да важат.
Ново на Сител
-
Формално образование и за децата кои се на подолго болничко лекување – повеќе нема да губат настава
-
364 лица во 13 градови во државата се обучуваат да станат пожарникари
-
Преглед на вестите од светот
-
Од септември во образовниот процес ќе бидат вклучени и децата со онколошки заболувања
-
Во тек е постапката за убиството со стаклено шише во Психијатриската болница во Бардовци
-
Буково го труе Охрид и во лето
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци