Loading Video...
Македонија
3. March 2021 - 16:47

Научниците истражуваат - Зошто некои пациенти долго имаат симптоми и последици од Ковид-19?

Прележавте ковид а се уште имате симптоми. Ви се врти, чувствувате мускулна слабост, често се задишувате. Не сте сами.

Американската медицинска наука за нив веќе има посебно име. Се викаат лонг хаулерс што е термин кој се користи за превозници кои возат екстремно долги стази. Но освен името, велат дека се уште никој не може да каже зошто овие луѓе и покрај тоа што вирусот веќе не е присутен во нивното тело се уште не можат да се вратат во нормала.

За да добијат повеќе информации, американските доктори почнуваат истражување за кое американската администрација одвои над 1 милијарда долари со кои се надева дека за 4 години ќе дојде до информација повеќе за маратонските корона пациенти.
Она што досега се знае е дека пациентите развиваат различни симптоми. Некои се благи но и има и такви кои сериозно пречат во нормалното живеење. Пациенти сведочат дека месеци после вирусот се уште не можат да се вратат на секојдневното утринско вежбање, брзо губат здив и често чуствуваат главоболки и болки во мускулите. Докторите велат нема правила. Одредени пациенти имале тешки симптоми додека биле позитивни, други поминале асимптоматски.
Американците веќе прават истражувања на мозочни ткива на луѓе кои починале од ковид и велат дека забележуваат промени но се уште не можат да носат заклучоци.
Стравуваат дека вакцинацијата нема да го надмине овој проблем

Кинеска студија направена во Вухан покажува дека ковид симптомите можат да се развлечат и 6 месеци откако вирусот ќе го напушти телото. Од 1700 пациенти дури 63% изјавиле дека се уште чувствуваат мускулна слабост шест месеци по вирусот а дури една четвртина од нив имаат проблем со депресија и несоница.