Научници пронашле гигантски вируси
Научници од САД и Австрија, меѓу кои и грчки микробиолог, открија група гигантски вируси која ја нарекле „Клоснеувируси“, јави грчката државна новинска агенција АНА-МПА.
Првиот гигантски вирус „Мимивирус“, бил откриен во 2003 година од страна на тим француски микробиолози.
Од тогаш, овие микроорганизми, кои се значително поголеми од обичните вируси, ги привлекле научниците кои во меѓувреме пронашле повеќе групи на такви вируси (Мамавирус, Мегавирус и Питовирус).
Студијата за новиот мега-вирус покажува дека гигантските вируси еволуирале од помали вируси со преземање или крадење во текот на нивната еволуција, на стотици гени од други клетки, додека обичните вируси имаат само неколку гени.
На пример, ХИВ или СИДА вирусот има само девет гени, додека Мимивирусот има 1.018, a Клонснеувирусот има 700 гени.
Ново на Сител
-
Дали и каде има пропусти при третманот на бебето од Струмица кое почина на детска?
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер
-
Седница на централниот одбор на СДСМ
-
Изборна ноќ во САД - Тесна трка меѓу Харис и Трамп
-
Како претседателските избори во САД ќе влијаат врз стабилноста на НАТО и Македонија?
-
Агелер: Јас гласав тоа е должност и привилегија
-
За изборната кампања и ефектот врз резултатите со комуникологот Бојан Кордалов
-
Опозицијата станува резервирана за изборите што ги понуди Мицкоски