Научници открија остатоци од најстарото познато езерско село во Европа
Научници открија остатоци од најстарото познато езерско село во Европа откриено досега, објави CBS.
Доказите за селото се пронајдени под површината на Охридското Езеро, европско езеро поделено со границата меѓу Албанија и Македонија. Селото е пронајдено во Лин, на албанска страна.
Радиојаглероднa анализа на локацијата сугерира дека датира од, приближно, помеѓу 6000 п.н.е. и 5800 п.н.е., што го прави старo околу 8000 години.
„Тоа е неколку стотици години постаро од претходно познатите езерски места во медитеранските и алпските региони“, забележа Алберт Хафнер, професор по археологија од Универзитетот во Берн во Швајцарија.
Говорејќи за АФП, тој рече: „Според нашите сознанија, тоа е најстарото во Европа.“ Тој додаде дека поголемиот дел од најстарите европски села се наоѓаат на италијанските Алпи и се околу илјада години помлади.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица