Научен симпозиум „Денови на Јустиниан I“
Mеѓународниот научен симпозиум „Денови на Јустиниан I“ на тема „Византија и наследството на Европа: Поврзување на културите“, денеска ќе биде отворен во Скопје.
На отварањето ќе биде промовиран и Зборникот на трудови од минатогодишниот симпозиум „Денови на Јустинијан I“ од доц. д-р Александар Спасеновски.
Во текот на двата работни дена свои реферати ќе имаат повеќе од 40 еминентни професори и научници од Албанија, Белгија, Бугарија, Грција, Италија, Крим, Обединето Кралство, Полска, Романија, Србија, Франција, Холандија, Хрватска, Чешка и Македонија.
На симпозиумот ќе бидат презентирани најновите сознанија од областа на византолошките и средновековните студии, што го вклучува и феноменот на културното и историското наследство, сфатен како интегративна компонента на европската цивилизација.
Сеопфатниот тематско-содржински концепт на рефератите меѓу другото ќе ја претстави Република Македонија како интегрален дел од византиските културни и духовни традиции и наследство.
Симпозиумот „Денови на Јустинијан I” претставува дел од партнерската програма помеѓу Универзитетот „Евро-Балкан“ и Универзитетот во Болоња и кампусот во Равена, а се одржува со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија и Град Скопје.
Ново на Сител
-
Полицајци од СВР Тетово спречија девојка да си го одземе животот, приведено едно лице поради сомнение за посредување на проституција
-
Гори на планината Серта меѓу штипските села Драгоево и Селце
-
Европол: Уапсен клучен актер кој стои зад рускојазична платформа за сајбер-криминал во Украина
-
Синер повторно го ангажираше Ферара
-
Во Гевгелија измерени 42 степена, а 40 во Скопје, освежување од недела
-
ССНМ бара препораките за топлото време да важат и за новинарите и да не се организираат настани на отворено
-
Со македонски пасош без виза може да се патува во 130 држави
-
Приведен 71-годишен маж, предизвикал пожари во Демиркаписко