Македонија
2. јуни 2018 - 9:08

Натпревар по Прва Помош за основци од Скопје

Во организација на Црвениот крст на град Скопје денеска ќе се одржи натпревар по Прва Помош во категорија подмладок, односно ќе се натпреваруваат ученици од основните училишта на ниво на градот Скопје.

На натпреварот, кој ќе се одржи на Средно Водно, учество ќе земат 15 екипи од 15 основни училишта. Во организација и како учесници на градскиот натпревар ќе бидат вклучени околу 200 лица, стручна служба, судии, манекени, водичи, шминкери ,логистика и волонтери.