НАТО: Руската воена авијација го крши меѓународното право
Руски борбени авиони го нарушија воздушниот простор под контрола на НАТО минатиот петок кога пресретнаа американски бомбардер Б52, кој леташе над данскиот остров Борхолм на Балтичко Море, соопшти заедничката команда на воздухопловни сили на НАТО во Рамштајн.
Руските пилоти „сериозно го прекршија меѓународното право“, се наведува, меѓу другото, во соопштението од НАТО, јави Си Ен Ен.
Веднаш била објавена тревога до данската ескадрила за брзи реакции да ги пресретнат руските авиони кои пред средба со данските пилоти, веќе се вратиле во својата зона на летови. Островот Борнхолм се наоѓа во Балтичко Море, околу 90 километри источно од Копенхаген.
Руската војска соопшти дека нејзините патролни ловци СУ27 не го нарушиле данскиот воздушен простор, туку прелетале над неутралните води во Балтичкото Море со цел да го пресретнат американскиот бомбардер Б52, пренесе ТАСС.
„Овој инцидент е прв повеќе години што укажува на тоа дека Русија почнала со разни форми на провокативно однесување. Американскиот бомбардер леташе како дел од акцијата за прелет над територијата на 30 членки на НАТО со цел да демонстрира солидарност во рамки на Алијансата“, се вели во соопштението на НАТО.
Ново на Сител
-
25-годишник нападнат во Аеродром од три лица - му се заканиле и со пиштол
-
Герапетритис: Договорот од Преспа има задолжителен карактер и обврски што треба во потполност да се почитуваат
-
Министерството за спорт ќе ја реконструира спортската сала во кампусот на УКИМ
-
УХМР: Август годинава екстремно топол и просечно врнежлив до сушен месец
-
Советот за безбедност во полн состав, Сиљановска ги именуваше Малинка Ристевска Јорданова, Џевдет Хајредини и Владимир Спиридонов за членови
-
Бугарскиот амбасадор повикан во МНРНТ, побарано дополнително објаснување
-
Во Велес и велешко за една година евидентирани 73 жртви на семејно насилство
-
Автопат кај Виена целосно под вода