НАТО повика да се изврши максимален притисок врз Северна Кореја
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг повика денеска да се изврши максимален притисок врз Пјонгјанг, со цел да бидат прекинати севернокорејските нуклеарни тестови.
- Нашата безбедност е поврзана со случувањата во Источна Азија. Ракетните тестови покажаа дека сите сојузници се на дострел и под закана. Војна во тој регион би претставувала катастрофа и би оставила последици врз целиот свет. Тензиите растат поради неодговорното однесување на Пјонгјанг, констатираше Столтенберг.
Според него, светот треба да изврши максимален притисок со цел да се постигне мировен договор со Северна Кореја.
- НАТО со децении е под такви закани, способни сме да го спречиме секој напад. Ние се обидуваме да најдеме дипломатска можност. Случувањата на Корејскиот Полуостров ја вознемирија Алијансата, додаде Столтенберг.
Ново на Сител
-
Протести во Ореовец
-
Почнаа дебатите за реформи на Судскиот совет, конечно решение се очекува до крајот на декември
-
Преглед на вестите од светот
-
Нов електронски систем за дозволи за оружје
-
СДСМ: Тошковски отпушта чесни полицајци
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Во наредните месеци нов закон за Судски совет
-
Состанок на високо ниво за новата рамка за одржлив развој меѓу ОН и Македонија