НАТО почна голема воена вежба, ќе се подготвува за одбрана од евентуален напад
Околу 20. 000 војници од 13 земји, од денеска на полноќ започнаа голема вежба на крајниот север на Европа за да се одбранат од хипотетички напад на територијата на НАТО, јави ДПА. Околу 1.
500 мажи и жени од германските вооружени сили учествуваат во маневрите Нордиски одговор 2024, вклучително и 700 членови на планинските сили, соопшти Бундесверот во норвешкиот град Алта на далечниот север на Норвешка.
Како што информира норвешката војска, вклучени се и Финска и Шведска, кои се приклучија на Алијансата по рускиот напад на Украина.
Според предвиденото сценарио, војниците треба да извршат контранапад од областа Алта за да заземат области на југ кои веќе се окупирани од непријателот.
Земјите на НАТО распоредуваат широк опсег на вооружени системи за вежбата, вклучувајќи 100 авиони и поморски сили со фрегати и подморници.
Во Алта отпатува и германскиот министер за одбрана Борис Писториус за да учествува на почетокот на активниот дел од вежбата што започна на полноќ.
Еден ден претходно, тој ја посети норвешката воена станица на границата со Русија и понуди да го зголеми присуството на Бундесверот на далечниот север.
Ново на Сител
-
Мбапе за Модриќ: Видов одблизу што значи величина
-
Осимен ги продолжува преговорите со Ал-Хилал
-
Лазаров: Имаме одлична предност пред реваншот со АЕК, но секогаш сум претпазлив
-
Николоски: Врвни британски фирми и експерти ќе дадат поддршка за реализација на проектите во Македонија
-
Реал Мадрид официјално објави дека Анчелоти заминува на крајот од сезоната
-
Калас: Подобро од кој било знаете дека патот до ЕУ не е лесен, но останете на него, Унијата е со вас
-
Кривична пријава против поранешен директор на јавно претпријатие од Струмица за злоупотреба на службена положба
-
УК за радиотерапија и онкологија апелира за смиреност и доверба во персоналот