Loading Video...
Свет
24. January 2022 - 16:32

НАТО испраќа дополнителни бродови и борбени авиони во источна Европа

НАТО испраќа дополнителни бродови и борбени авиони во  нивните бази во Источна Европа , порачувајќи и на Моксва дека ќе постапи цврство доколку  ја нападне  Украина. Данска, Шпанија , Франција, Холандија се понудија да и стават на располагање  дополнители војници и опрема на алијансата . 

Данска испраќа  фрегата и воени авиони на Балтикот додека  Шпанија и Холандија најавија дека ќе испратат борбени авиони Ф16 и Ф 35 во  Бугарија проивремно засилување на НАТО силите на Балканот. Според Вашингтон руската инвазија  би можеле да почне во секој момент.  Стејт депратментот синоќа  им нареди на семејствата на вработените во американската Амабсадата  во Киев да ја напуштата Украина. ЕУ засега нема да го повлекува диплоамтскиот персонал од Украина. .Моксва постојано негира дека планира  воени дејствија  во Украина но одбива да ги повлече 100 те илјади војници покрај  границата. Русија бара од НАТО бара правно обврзувачки гаранции за неширање во Украина и Грузија, како и распоредување бази и стратешко вооружување во земјите кои граничат со неа.