Наташа Пирц Мусар стапи на функцијата претседател на Словенија
– Наташа Пирц Мусар (54) вчера на свечена церемонија во претседателската палата ја презеде должноста петти претседател на Словенија.
Во придружба на нејзиниот сопруг, како врховен командант на словенечките вооружени сили таа изврши смотра на почесната гарда. По цврениот тепих таа дојде до палатата, каде нејзиниот претходник Борут Пахор кој десет години ја вршеше претседателската функција ја чекаше со букет цвеќе.
Претседателката Мусар вчера на церемонија во Националното собрание положи заклетва и вети дека ќе продолжи да се бори за човековите права и владеењето на правото.
Улогата на претседателот во Словенија е главно церемонијална, а претседателот според Уставот е и шеф на државата и врховен командант на словенечките вооружени сили.
Пирц Мусар, која по професија е адвокат, беше избрана за претседателка во вториот круг на 13 ноември откако го победи поранешниот министер за надворешни работи Анже Логар со освоени повеќе од 50 отсто од гласовите.
Ново на Сител
-
Полицаец на должност загина во пожарот во дискотеката во Кочани
-
Уставен суд: Не постојат соодветни зборови кои ќе ја намалат тагата, во овие тешки и траорни моменти
-
Родители чии деца се наоѓаат во Штипската болница се пуштаат да ги видат повредените
-
Седумдневна жалост по повод трагедијата во Кочани
-
Вучиќ изрази сочуство до Силјановска - Давкова за трагедијата во Кочани: Ќе испратиме хеликоптери и медицински тимови
-
До моментов загинати 59 лица, распишана централна потерница за четири лица во врска со пожарот во дискотеката
-
Сведоштва на преживеани во трагедијата во Кочани
-
Пронајден е Андреј од ДНК