Македонија
29. September 2016 - 15:16

Наставник од Челопек нападнат со нож

Вчера во 13.30 часот во с.Челопек, тетовско, во ОУ „7-ми Март“, во канцеларијата на наставниците, дошле С.З. и Н.З. од с.Челопек и со ножеви се обиделе да го нападнат наставникот Џ.А. (56) од с.Челопек.
 
Џ.А., со цел да се одбрани, го фатил С.З. за двете раце, а Н.З. со нога удрирал по масата, по што двајцата ја напуштиле канцеларијата.
Причина за загрозувањето било претходно укажување од страна на наставникот на синот на С.З., кој бил од друго училиште, да не се задржува непотребно во училишниот двор.
 
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.